На сликава има 500 овци. И стопанката не ги видела

Лизел Кенеди, канадска сточарка, главно живее од своите 500 овци. Но минатиот викенд, кога тргнала да ги собере од пасење, за малку ќе добиела срцев удар. Според тоа што ја убедувале очите, сите 500 овци биле исчезнати.

Зјапала во снегот од работ на полето, ама овци немало. Седнала во автомобилот и продолжила понатаму по патот за да ги бара. Возела час, два, ама ништо. Ни трага од стадото.

Незнаејќи веќе што да прави, се вратила на истото место и тргнала пешки во полето, веројатно за да бара траги. По неколку поминати метри, оп, стадото си стои на место и блее како овца, а сите грла на број.

Иако официјално тоа не го признава, ние знаеме што ѝ била првата мисла: „Ебате тоа очите глупи човечки“.

- Реклама -