На социјалните мрежи кружи видео кое ги прикажува романтичните моменти на еден заљубен пар во Сараево. Момчето и девојката заиграле на улица, и покрај дождовите кои врнеле, а снимената сцена објавена од профилот @sjena60 стана хит.
Во почетокот на видеото, може да се види како момче брза од поројот и минува покрај парот кој со насмевки го искусува моментот. За кратко време, видеото собра над 120.000 прегледи и многу коментари.
Снимката допре до срцата на многумина
„Прекрасно“, „Тоа е Сараево“, „Честитки им, во животот треба да се ужива, секогаш да бидат толку среќни“ – некои од коментарите под видеото.
Инаку, силниот дожд вчера накратко ја прекина синоќешната церемонија на 31. Сараево Филм Фестивал, кој завршува вечерва. Публиката мораше да се премести во близинот на кафуле на Фестивалскиот плоштад за да се заштити од поројот, токму во тој момент настана и виралната сцена.




