Додека Даниел Кајмакоски работи и ужива во Белград, неговиот татко, инаку фолк пејач, Павле Кајмакоски, доживеал вистинска драма при обидот да тргне од Виена за Македонија.
-Неговиот автомобил бил украден во Виена ноќта пред да тргне за Скопје. Истрауматизираниот пејач го пријавил случајот кај Австриските власти кои го информирале дека неговиот автомобил е во движење. Веднаш потоа тие добиле информација дека возилото кое било управувано од крадците удрило во пешачко островце во Унгарија при што бандата крадци се веднаш уапсени. Туарегот е украден од банда која претходно е барана од Австриската полиција за други злодела, пишува tvpaket.
Павле Кајмакоски морал својот пат да го продолжи со автобус, а веста за украдениот автомобил осамна на сите насловни страници во Унгарија, секако, не поради популарноста на ова семејство во таа држава туку поради големите криминалци коишто конечно беа фатени благодарение на оваа немила случка.
Инаку, Павле Кајмакоски е македонски пејач кој долги години пее македонска музика, односно човекот од кој Даниел Кајмакоски го наследил својот музички талент.