Така се сака клубот: На тренинг на Бока Јуниорс им дојдоа 50.000 навивачи (ВИДЕО)

Навивачите на Бока Јуниорс им приредија извонредо изненадување на своите миленици пред реваншот во мечот од финалето во Копа Либертадорес. Кога играчите на Бока Јуниорс излегоа на теренот на „Ла Бомбоњера“ за да го одработат последниот тренинг пред големото финале против ривалот Ривер Плата, на трибините ги дочекаа 50.000 навивачи.

Реваншот се игра во сабота од 21 часот. Во првиот меч Бока Јуниорс играа 2:2 на домашен терен, но бидејќи во ова натпреварување головите на гости не значат ништо, реваншот всушност започнува од 0:0. А со ваквиот гест на навивачите, тие јасно покажаа колку многу им значи титулата шампион на Јужна Америка.

 

- Реклама -