На Земјата најден мраз од месечините на Сатурн и Јупитер

Новооткриеното присуство на „мраз седум“ (Ice VII) на Земјата ги изненади научниците. Се работи за вселенски мраз кој досега е најден само на месечините на планетите Јупитер и Сатурн.

Откритието изненадува бидејќи Ice VII бара посебни услови за формирање. Мразот, односно новиот облик на вода кој досега не е откриен на Земјата, е пронајден при ископување на дијаманти длабоко под земјината кора.

Oвој вид мраз e специфичен бидејќи е 1.5 пати погуст од обичниот мраз, и има поинаква атомска структура. Ice VII е збиен и атомите на кислородот во него формираат коцкаста структура, за разлика од обичниот мраз, кој има хексагонална форма.

Притисокот потребен за формирање на Ice VII може да се најде на Земјата, но планетата главно е претопла за да би се одржала ваква структура на мраз.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Како што потсетуваат научниците, „мразот седум“ е пронајден на Сатурновата месечина Европа, како и на Јупитеровите месечини Титан и Енчелад.

- Реклама -