Награда за човекови права за Зоран Заев за неговите прогресивни и проевропски заложби

Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, во чиј премиерски мандат пред точно 2 години беше потпишан Преспанскиот договор и беа имплементирани уставните измени што произлегоа од него, ја доби Наградата за човекови права од Фондацијата „Фридрих Еберт“. Признанието го добива за својата лична посветеност кон Договорот од Преспа и неговите проевропски заложби за слободно и отворено општество.

Претседателот на Фондацијата – Курт Бек, го истакна значењето на Заев за прогресивните сили во регионот и Европа:

„Зоран Заев се залага за слободно, отворено и социјално општество. Неговата решителна реформска политика не само што придонесе за мирот и стабилноста, туку и ја доближи Северна Македонија со големи чекори кон Европската Унија.

Заев одигра клучна улога уште како опозициски лидер. За време на ‘Шарената револуција’ се залагаше за владеење на правото и мирно издејствува нови избори. Подоцна, како премиер постави нови стандарди, особено во делот на социјалната политика. Тој ја зголеми минималната плата за 60%, ги зголеми социјалните придобивки и ги подобри платите на медицинскиот персонал и докторите.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

После многу години авторитарен регрес во регионот, Зоран Заев лично претставува промена на насоката што им дава надеж на прогресивните сили во регионот. Ова извонредно достигнување на Зоран Заев го одликува Фондацијата ‘Фридрих Еберт’ со доделување на овогодишната награда“, рече Бек, пренесува „Дојче веле“.

Заедно со признанието, Фондацијата за Заев ќе му додели и парична награда од 10.000 евра. Повеќе ТУКА.

- Реклама -