Најарогантна нација во Европа е…

Велика Британија и Франција конечно се договорија околу нешто: Французите се најарогантен народ во Европа.

Ова го покажаа резултатите од американското истражување кое за цел имаше да дознае какво мислење имаат европските народи меѓусебно, а во нивните одговори беа присутни многу национални стереотипи.

Британците сметаат дека нивните соседи преку каналот се најарогантен народ и дека најмалку може да им се верува. Интересно, Французите сами себе истовремено се оцениле како најарогантна и најнеарогантна нација во Европа. Германците сите ги сметаат за нација на која може да и се верува, иако, и Грците тоа го сметаат за себе.

Британија, Шпанија, Италија, Чешка и Полска ја гледаат Германија како земја во која луѓето најмалку сочувствуваат.

Интересно е дека Италијанците самите се оцениле како нација на која може најмалку да и се верува, но дека имаат најмногу сочувство, што е целосно спротивно од начинот на кој се доживуваат Германците.

Според истражувањата кои ги спроведоа „Pew Research“ центарот во Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Грција, Полска и Чешка, американскиот истражувачки центар заклучува дека ЕУ е „новиот пациент“ во Европа.

- Реклама -