Најбогатите живеат 15 години подолго од најсиромашните

richpoor

Најбогатите Американци живеат и до 15 години подолго во однос на најсиромашните жители на САД, е заклучокот од новата студија во која беше анализирана поврзаноста на висината на приходите и должината на животниот век.

Истражувањето, засновано на податоците на повече од една милијарда даночни обврзници, исто така покажува дека овој тренд е во пораст од 2001 година. Јазот во должината на животот помеѓу тој 1% најбогати и долниот 1% процент од најсиромашните е 14.6 години кај мажите, а 10.1 година кај жените.

Врз основа на истражувањето е утврдено дека 40-годишен човек на дното на социјалната скала во САД живее во просек слично на 40-годишен припадник на истото општествено ниво во Судан и Пакистан. Нееднаквоста во должината на животот се зголемува со текот на времето, а зависи и од важни фактори, како пушењето и гојазноста.

Најкраток животен век во САД меѓу најсиромашните слоеви е регистриран во Невада, Индијана и Оклахома – 77.9 години, додека сиромашните најдолго живеат во Њујорк, Калифорнија и Вермонт – 80.6 години. Според американскиот Центар за контрола на болести, просечниот животен век во оваа земја е 78.8-81 години кај жените и 76 години кај мажите.

- Реклама -