Најчевска: 6 работи кои може да бидат направени, без да се потроши денар за нивно спроведување

проф. Мирјана Најчевска со статус на  Фејсбук:

„Има некои работи кои може да бидат направени без да се потроши денар за нивното спроведување.
На пример:
1. Да се намали бројот на министерства
2. Патните трошоци на функционерите да се исплаќаат во висина на автобуска или возна карта.
3. Градоначалниците да немаат службено возило.
4. Да се обноват училишните библиотеки со донации на книги од населението.
5. Да се конфискуваат автомобилите на несовесните возачи кои ќе направат три потешки прекршувања во сообраќајот во една година.
6. Да се забрани трошење на парите на општините за комерцијални концерти.“

- Реклама -