Од тркалање сирења до натпревар во носење на сопругите во Скандинавија, светот е полн со необични, колоритни и понекогаш бизарни настани.
Од тркалање сирења до натпревар во носење на сопругите во Скандинавија,
светот е полн со необични, колоритни и понекогаш бизарни настани.
Од 11 до 15 јуни, Castrillo de Murcia, Шпанија
За прв пат одржан во 1620 година, овој необичен настан кој го слави Corpus Christi (или Телото Исусово) се одвива такашто возрасни мажи облечени како Ѓаволот прескокнуваат група од бебиња кои лежат на улица.
Се одржува секој 25 мај
На овој популарен фестивал учесниците бркаат сирење што се тркала по стрмните, калливи Coopers падини во Gloucestershire.
11-19 мај
За прв пат одржан во 1998-та, Фестивалот на калта во Boryeong денес привлекува повеќе од милион посетители во овој Јужнокорејски град. Туристите и локалните жители на денот на фестивалот уживаат во калта за која се вели дека е богата со минерали, на плажата Daecheon.
Ќе се одржува во јануари, 2010 во Селџук, Турција
Сега ограничено само во некои делови на Турција, камилското борење се одвива така што две камили се напаѓаат една со друга додека едната не се откаже или не биде соборена. Често се случува камилата-губитник да истрча накај гледачите предизвикувајќи паника кај оние што се трудат да не бидат прегазени.
4 јули, Sonkajärvi, Финска
Учесниците во овој шампионат се трудат да бидат победници во трката додека ја носат својата сопруга на грбот. Победникот добива пиво онолку колку што е тежок товарот т.е. неговата жена. Слични настани почнаа да се одржуваат на различни места во светот.
Ноември, Lopburi, Тајланд
Преку 600 мајмуни се поканети да се гостат со повеќе од два тони колбаси направени на скара, свежо овошје, сладолед и други слатки работи на најголемата мајмунска гозба. Локалното население на овој начин сака да им заблагодари на мајмуните кои го населуваат селото и кои им носат илјадници туристи секоја година.
26 август, Buñol, Валенција
Индустриското гратче Buñol секоја година ги повикува 20.000-те туристи да се тепаат со домати на големата битка со храна. Има различни теории како сето тоа започнало, од кои една вели дека овој обичај датира од времето на антифранкоистичките протести во 1945.
Учесниците обично носат јапонско fundoshi, или појас, и фрлаат кал и вода еден кон друг што го симболизира прочистувањето. Фестивалите на голотијата се одржуваат на повеќе локации низ Јапонија, обично во лето или зима. Иако традиционално ова е спиритуален настан, многумина се приклучуваат само заради забава.
23 декември, Oaxaca, Мексико
Во 16 век, откако ротквиците им биле донесени на Американците, продавачите на зеленчук, имале обичај да прават скулптури од нив за така да ги рекламираат на пазарот своите производи. Од 1897 година овој обичај се прославува со фестивал во кој најдобрите скулптори добиваат парични награди.
Февруари, Ivrea, Италија
Секоја година во гратчето Ivrea, жителите рекунструираат историска битка во средновековни костими, вооружени само со портокали. Девет тимови на фрлачи-со-портокали се тепаат едни со други, а за да бидат во кондиција јадат грав.
Август, Trie Sur Baïse, Франција
Учесниците на овој фестивал во француското селце Trie Sur Baïse уживаат во јадењето колбаси, трките со прасиња и натпревар во имитирање свинчиња.
24-30 август, Black Rock City, Невада
Секое лето околу 50.000 хедонисти се собираат во пустината во Невада за осумдневно безредие кое кулминира со горење на голема дрвена скулптура.
14 ноември, Richterswil, Швајцарија
Преку 20 тони на изделкана репка и 50.000 свеќи се изложени на овој фестивал кој ја слави репката. Настанот вклучува и паради со осветлени куќи и многу музика и забава.
29 јули – 2 август, Клинтон, Монтана, САД
Околу 6.500 луѓе се очекува да присуствуваат на 27-миот по ред годишен Фестивал на тестисите во Rock Creek Lodge во Монтана. Ова е настан строго ограничен само за возрасни посетители, иако се се одвива околу темата на јадењето тестиси од бик, или т.н. Rocky Mountain Oysters, посетителите можат да очекуваат борење со масло, натпревар на водени маички и уште многу голотии. Во средите на фестивалот, е „Денот без долна облека“ кога се нуди бесплатна пијачка во замена за долната облека.
Јуни, Ashbourne, Derbyshire
На овој шампионат двајцата опоненти седат еден спроти друг и ги сместуваат своите палци во арената, двете нозе се во игра се додека еден од нив не излезе од одредените граници, за оној другиот да биде прогласен за победник.