Најчудните слатки работи кои се јадат по светот

Колачите треба да бидат слатки, нели?

Тие содржат обично шеќер, чоколадо, брашно и други калорични состојки.

Меѓутоа, има и прилично чудни видови десерти кои се нудат ширум планетата. Погледнете дел од нив:

Шекерче со инсекти – САД

1

Инсектите се егзотична храна во многу земји во светот, но не и во САД. Последно што би очекувале е дека токму тука ќе станат хит лижавчињата со инсекти, но ете секогаш можеме да се изненадиме. Ова слатко задоволство се произведува во Калифорнија.

Бонбони Осама Бин Ладен – Пакистан

2

Се работи за бонбони со млеко и какао, популарни во овој дел на Азија.

Тинг тинг – Индонезија

3

Овие бонбони со ѓумбир се лути, но исто така се толку лепливи што се спакувани во оризова хартија, која може да се јаде (во случај да не успеете да ги извадите од неа).

Салсагети – Мексико

5

Имаат вкус на лубеница и форма на шпагети. Се продаваат заедно со пиканетн сос, во кој се додаваат за подобар вкус.

Салмиаки – Финска

6

Уште едно „слатко“ задоволство со двоен вкус. По првично слаткиот вкус на горната обвивка доаѓа ред на вториот дел од бомбоните, која имаат вкус на сируп против кашлица.

Такојаки – Јапонија

7

Според Јапонците нема ништо лошо во тоа да ставаш пржен октопод во бонобни.

- Реклама -