Најчудните затвори во светот

чудни затвориСите ние имаме изградено одредена слика за тоа како изгледа еден затвор. Таа слика е изградена врз основа на она што сме го виделе во филмови, решетки, високи огради, слаба хигиена. Но, не се сите затвори исти, некои можат да бидат доста уникатни, а некои се едноставно чудни.

Сите ние имаме изградено одредена слика за тоа како изгледа еден затвор. Таа слика е изградена врз основа на она што сме го виделе во филмови, решетки, високи огради, слаба хигиена. Но, не се сите затвори исти, некои можат да бидат доста уникатни, а некои се едноставно чудни.

Затворот Цебу (Филипини): најпознатите затвореници танчери во светот
чудни затвори

Дефинитивно уникатна забава, кореографиран танц на десетици убијци, дилери на дрога и други типови на престапници, во ритамот на поп музика. Можеби имате видено некое од нивните видеа. Нивната интерпретација на „Трилер“ била на петтото место на Топ 10 листата на вирални видеа на магазинот Time. Танцувањето настанало од програмата за вежбање во затворот. Додека повеќето затвори им дозволуваат на затворениците да трчаат наоколу, да играат кошарка или да дигаат тегови, управникот на Цебу сакал дисциплина. Откако бил инспириран од сцена во филмот „Бегство од Шошенк“, тој посакал да воведе и музика во програмата. Околу 1500 затвореници можат да учествуваат во настапите, кои често ги одржуваат на добротворни настани, за што добиваат и плата. Затворот исто така организира и настапи во живо, по кои гледачите можат да се фотографираат со танчерите и да купат маички како сувенир.

Затворот Сан Педро (Боливија): каде што затворениците мораат да си „купат“ келија
чудни затвори

Затворот Сан Педро е најголемиот во главниот град на Боливија, Ла Паз, и во него се сместени околу 1500 затвореници. Откако ќе ги поминете дебелите ѕидови и безбедносната порта, исчезнува секоја сличност со нормален затвор: деца си играат наоколу, има тезги, ресторани, фризери, па дури и хотел. Внатрешноста на затворот повеќе изгледа како улиците на Ел Алто, најсиромашното маало во Боливија, сместено на работ на Ла Паз. Нема чувари, нема затворенички униформи ни решетки на прозорите. Но оваа релативна слобода има цена – затворениците мораат да плаќаат за ќелиите, па повеќето мораат да работат, продавајќи прехрамбени производи на тезгите во затворот.

Во овој затвор, ако имаш пари можеш да живееш како крал. Оние кои имаат повеќе пари се сместени во богатиот дел од затворот познат како Лос Пинос. Таму келиите се пространи, имаат приватни бањи, кујни и кабловска телевизија. Во дворот има маси за билијард, киосци кои продаваат свеж сок и храна. Ќелиите во затвоорт чинат помеѓу 1000 и 1500 американски долари и се изнајмуваат за целиот престој на затвореникот. Во посиромашните делови, повеќе затвореници делат една мала келија.

Затворот Крести (Русија): најполниот затвор во светот
чудни затвори

Руските затвори имаат репутација како најполните затвори во светот, особено Крести во Санкт Петерсбург. Официјалниот капацитет на овој затвор е 3000, но во затворот секогаш има минимум 10000 затвореници. Секој затвореник располага со само 4 метри квадратни простор и 15 минути (неделно) за туширање. Летото 2006 година, Владимир Путин најавил дека затворот ќе биде преместен во нов комплекс во областа Колпински, надвор од Санкт Петерсбург. Откако преместувањето ќе биде завршено, сегашниот комплекс ќе биде продаден на аукција. Комплексот најверојатно ќе биде претворен во хотел.

Прочитајте и:  Разбиена организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, истрага против 14 лица

Затворот Сарк (Гернзи, Каналски Острови): најмалиот затвор во светот
чудни затвори

Овој затвор се наоѓа на островот Сарк во близина на островот Гернзи. Бил изграден во 1856 година, и очигледно е најмалиот затвор во светот. Во него можат да се сместат двајца затвореници. Затворот главно се користи за кратки казни, за посериозни прекршоци, криминалците се испраќаат во возрасен затвор, некој со ходници… и чувари.

Затворот ADX (Колорадо, САД): затвор со супер-максимално обезбедување
чудни затвори

ADX е затвор во Флоренс, Колорадо, САД. Ова е врвниот затвор, и тоа буквално. Од отворањето во 1994 година, ADX не е ништо повеќе од бавна нехумана тортура. Затворениците се пуштаат надвор од ќелиите само 9 часови неделно, контактот со други луѓе е сведен на минимум. Затворениците ги добиваат оброците во ќелиите, каде што прават сè. Самите ќелии се целосно направени од бетон, со бетонски мебел. Ова е затвор наменет за најлошите престапници во земјата.

Затворот Аранхуез (Шпанија): затвор со удобни фамилијарни келии
чудни затвори

Шпанија тврди дека ова е единствениот затвор во светот кој има ќелии за цели семејства: ликови од Дизни ги красат ѕидовите, има градинка, игралиште за бебиња. Поентата на овој затвор е да им се овозможи на децата да бидат со своите родители додека се доволно мали за да не знаат дека се во затвор. Затворот се наоѓа во град кој е на 40 километри јужно од Мадрид, и има 36 фамилијарни ќелии, иако во моментов само 16 се зафатени, повеќето со затвореници од Јужна Америка.

Затворот Сересо Четумал (Мексико): каде што затворениците ги решаваат проблемите со боксување
чудни затвори

Ова е уникатен затвор по тоа што во него немало насилство во последните десет години, и има одлична програма од која затворениците учат уметност и занаети, и произведуваат сувенири за туристи. Според управникот Виктор Теразас, кога постои несогласување, затворениците влегуваат во ринг, и по околу две рунди, недоразбирањето е завршено.

Во затворот има околу 1100 затвореници, кои често одбиваат да си заминат бидејќи животот внатре во затворот е многу лесен: одлична храна (како јајца за доручек), културни активности со мажи и жени, и долги дремки. А тука се и VIP ќелиите, како онаа на сликата.

- Реклама -