Пронајден живот на надворешноста од Меѓународната Вселенска Станица?

На надворешниот дел на Меѓународната Вселенска Станица се пронајдени живи планктони, но и траги од други микроорганизми.

Руските официјални лица тврдат дека планктоните не се пренесени во вселената преку лансирање, туку дека ги донеле воздушните струи од Земјата. Тврдењето го темелат со тоа што овие планктони не се типични за Бајконур, Казахстан, од каде што е лансирано леталото со кое руските астронаути пристигнале на МВС.

Изненадувачки е што микроорганизмите успеваат да преживеат дури и во вакуумот во вселената, пркосејќи на ниските температури, недостатокот на кислород и космичката радијација.

Микроорганизмите се пронајдени во текот на една рутинска контрола извршена од руските астронаути Олек Артемјев и Александер Скворцов. За време на лансирањето на наносателити во космосот, астронаутите се обиделе со марамици да ја избришат површината на прозорското стакло, па токму тогаш ги забележале неочекуваните гости.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Се уште се чека на одговорот на НАСА за тоа дали и на американскиот дел од МВС се најдени планктони, како и нивните предвидувања за значењето на ваквото откритие во понатамошното истражување на вселената.

- Реклама -