Најдобар секс ќе имате со…

И покрај сѐ почестата навика за секс за една вечер истражувањето на Durex покажа дека и мажите и жените за најдбро сексуално искуство го сметаат она со партнер во кој имале доверба, а не со некој кој само што го запознале без оглед на тоа колку таа личностбила секси и привлечна.

Од 2000 испитаници, на возраст над 25 години, 87% жени и 95% мажи рекле дека највозбудлив секс имале со личност со која биле во емотивна врска иако студијата посебно не назначува дали се работи само за површни односи или посериозна врска.

Многу е едноставно. Сигурно дека повеќе ќе се опуштите додека му зборувате на вашиот постојан партнер што ве привлекува и кога знаете дека тоа не е само физичка работа, туку има и емоции.

Се утврдило дека и покрај популарноста на сексот без обврски тој всушност не носи преголемо задоволство па се поставува прашањето зошто младите толку често го практикуваат.

 

- Реклама -