Баба ми веќе некое време е во старечки дом и баш сум среќна што можеме тоа да и го овозможиме. Секој кој вели дека старечките домови се „нехумани“ никогаш не бил во допир со стари, неподвижни и дементни луѓе. Старечките домови се како староста, реалност на која често í вртиме глава. Сé ова најверојатно бидејќи се плашите да влезете внатре во нив. Страв ви е дека драгиот и блискиот ваш повторно нема да ве препознае, ви е страв дека бабата од соседниот кревет нешто ќе ви замумла и широко ќе ги испружи рацете кон вас, а вие, онака исплашени, немате појма што треба да направите. Е баш тука, некаде позади тој страв и позади суровите години кои често нé тераат да не гледаме во личноста која и понатаму е тука, во тоа старо тело, сепак се крие и радост.
Оваа година во старечкиот дом на баба ми дојдоа специјални гости кои приредија приредба и ја загреаја атмосферата до максимум. Станува збор за членовите на пензионерските здруженија од разни општини низ земјата.
Повелете фотки од незаборавната журка: ВАЈС.рс