Најдобрите фотографии од натпреварот на Sony 2013

Светската фотографска организација неодамна објави неколку фотографии од годинашниот натпревар на „Sony“ (2013 Sony World Photography).

Годинава беа пријавени рекорден број на учесници, односно повеќе од 122 000 од 170 различни земји. Одлуката на жирито да ги селектира најдобрите, очигледно била повеќе од тешка.

Погледнете дел од фотографиите кои се издвоија од останатите по нивниот импресивен и висок квалитет, оригиналност и модерен изглед. Некои од овие дела ќе бидат изложени во Лондон, од 26 април до 12 мај како дел од изложбата за „Натпреварот на фотографии Sony 2013“, а заедно со останатите ќе бидат објавени во книгата со фотографии на гигантската компанија.

- Реклама -