Секоја година, The Neural Correlate Society организира натпревар помеѓу експертите по перцепција и визуелни илузии. Жирито избира 10 најдобри илузии, од кои потоа се избираат најдобрите 3, најчесто на интернационални собири и конвенции.
Еве некои од најдобрите оптички илузии за 2014:
Кругот во центарот всушност воопшто не ја менува големината. Илузијата се случува кога централниот објект е опкружен со други форми што се зголемуваат и смалуваат.
Една обоена слика може да предизвика неколку различни перцепции на обоеноста, во зависност од позицијата на црните линии (контурите) над сликата. Нашиот мозок одбира да гледа една хомогена боја помеѓу линиите, иако реалната обоеност е поинаква, пред се бидејќи такви (еднобојни) се најголем дел од површините што секојдневно ги гледаме.
Најди го натрапникот: две од сликите се идентични, додека третата е само слична на нив.
Изгледа дека сликата се движи, а всушност е статична. Таквата појава се нарекува „привидно движење“ или „автокинетичка илузија“, а овде се работи за посебен вид, каде експанзивното движење е продукт на специфичниот аранжман на паралелни игловидни (вретенасти) линии.
Наречена е „гулабов врат“. Правоаголниот објект се движи со постојана брзина, но поради паралелните линии, се добива ефект како да се враќа малку наназад, слично како вратот на гулабите кога се движат.