Најдобрите Плејбој автомобили

Доделувањето на наградите за автомобилските модели по традиција се на крајот, или на почетокот на секоја година. Од ова не отстапува и еротското издание Playboy, кое и годинава додели повеќе престижни признанија за најновите автомобилски остварувања, поделени во категории.Оваа година, под раководство на Хју Хефнер, се доделени вкупно пет признанија, од кои секако најважно е она за Најдобар автомобил на годината 2014, кое оди за спортскиот Jaguar F-Type.
„Ова е модел на Jaguar кој чекавме долго и несомнено освен што има врвни перформанси ова е еден од најубавите автомобили создаден досега, брилијантно остварување кое останува верно на традицијата на марката, кое со себе носи некои посебен сјај, велат во образложението зошто наградата му припадна на овој модел, уредниците на весникот. – Изминавме со овој автомобил во текот на посебните тестирања многу милји и рака на срце не можевме да откриеме никаква маана или недостаток. Токму затоа го одбравме за најдобар автомобил на годината.“

Британското спортско купе се нуди во две верзии, F-Type S и F-Type R. Првата располага со 340 КЅ, а помоќната – со 550 КЅ. Цените на брзата верзија почнуваат од 99.000 долари.

Во категоријата Најдобар спортски автомобил на годината 2014 признанието оди кај Corvette Stingray. Новата генерација на американската спортска икона победи во конкуренција на модели како SRT Viper, Porsche Cayman и Aston Martin V12 Vantage S.

За Најдобра седан на годината 2014 е прогласен Mercedes CLA. Компактниот модел кој триумфираше пред Cadillac CTS, Audi RS7 и Mazda3, е избран поради одличната комбинација на квалитет и цена што ги нуди.

Уредниците на еротското издание избираа и најдобар еколошки автомобил. Во оваа категорија признанието му припадна на Honda Accord Hybrid. Главните адути на хибридната Honda пред конкурентите – BMW i3, Tesla Model S и Chevrolet Cruze Diesel, се одличниот погонскиот систем, достојната динамика на агрегатот и беспрекорната изработка на самиот автомобил.

Во последната категорија – Најдобар SUV на годината 2014, наградата му се доделува на Range Rover Sport. Британскиот спортски прооден модел доби повеќе гласови од BMW X5 и Subaru Forester.

Минатата година главната награда отиде кај Porsche 911.

 

- Реклама -