Најдолгиот терен за голф во светот

Голф И натаму се дебатира околу тоа дали Римјаните, Кинезите или пак Шкотите ја измислиле играта која денес ја нарекуваме голф и која несомнено се смета за привилегија на богатите. Она што повеќе нема да се дебатира е прашањето кој е најдолгиот терен за голф во светот. Австралија го зазеде рекордот со пуштањето во употреба на Нуларбор Линкс, терен кој далеку ги надминува сите досегашни терени.


И натаму се дебатира околу тоа дали Римјаните, Кинезите или пак Шкотите
ја измислиле играта која денес ја нарекуваме голф и која несомнено се
смета за привилегија на богатите. Она што повеќе нема да се дебатира е
прашањето кој е најдолгиот терен за голф во светот. Австралија го
зазеде рекордот со пуштањето во употреба на Нуларбор Линкс, терен кој
далеку ги надминува сите досегашни терени.

Терен за голфДо сега, партија голф значеше 18 дупки одиграни со што е можно помалку удари, а помеѓу секоја дупка возење со оние мали електрични колички. Но, нештата веќе никогаш нема да бидат исти.

Теренот кој се протега по јужниот брег на Австралија, наречен Нуларбор Линкс е долг ни помалку ни повеќе, туку 1364 километри и е изграден покрај автопатот Нуларбор кој ги поврзува источниот и западниот брег на најјужниот континент. Идејата за овој терен се родила додека двајца пријатели пиеле пиво во паб, а намерата им е со необичноста на концептот да ги привлечат туристите од целиот свет.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

Крај секоја дупка има одморалиште со мотел. Играчите откако ќе изиграат една дупка, ќе треба да возат по автопатот, некогаш и по 100 километри, додека да стигнат до следната. По комплетирањето на сите 18, секој играч ќе добие сертификат.

Но, ова не е обичен терен. Секоја дупка со себе си носи и специфична туристички атракции – наоѓалишта на фосили, фарми за овци, набљудување на китови, статуата на големиот кенгур итн.

За да се избегнат егзотичните пајаци што живеат во тревнатите предели на Австралија, сите зелени површини на овој терен се од вештачка трева.

Првиот турнир ќе биде одигран на 22 октомври 2009 година.

- Реклама -