Како изгледаат најелитните пилоти во светот?

Ова не е сцена од документарен филм за астронаути, ова се дел од најелитните пилоти на планетава, 14 од 80 пилоти квалификувани за пилотирање со Lockheed U-2.

Ова е објаснувањето од одделот за односи со јавноста на Американското Воено Воздухопловство: „Многу луѓе се заинтересирани за U-2 програмата и леталот. Во оваа фотографија можете да видете формација на пилоти во скафандерите во кои тие летаат (NASA го користеше истиот скафандер за екипажите на шатлот) сликани пред Dragon Lady во една од нашите бази во Калифорнија.“

„Како што знаете, пилотите на U-2 во моментов летаат на најголема височина (на над 21.000 метри), единствен исклучок е екипажот на Меѓународната Вселенска Станица. Во фотографијата се 14 од 80 пилоти кои во моментов се квалификувани за пилотирање со U-2. Помалку луѓе имаат летано со овој авион од бројот на добитници на Super Bowl прстен.“ [Линк до оригиналниот фајл од 19MB]

- Реклама -