Најевтиниот автомобил ќе стане најскап

НаноКупувањето на нов автомобил е наука, и наоѓањето на оној кој ви одговара не е баш најлесната работа. Морате да бидете сигурни дека автомобилот одговара на вашата економска состојба, што е лесно, но проблемот е што не секогаш знаеме што добиваме. Некои производители се фокусираат на произведување на луксузни возила за богатите, а другите прават возила за сечиј џеб.

Купувањето на нов автомобил е наука, и наоѓањето на оној кој ви одговара не е баш најлесната работа. Морате да бидете сигурни дека автомобилот одговара на вашата економска состојба, што е лесно, но проблемот е што не секогаш знаеме што добиваме. Некои производители се фокусираат на произведување на луксузни возила за богатите, а другите прават возила за сечиј џеб.

Тата Нано

А потоа следува Тата, производителот на најевтиниот автомобил во светот. Кога го купувате овој автомобил, чија цена во Индија е околу 1500 евра, однапрет знаете дека не треба да очекувате многу. Но, „Тата Нано“ наскоро ќе стане најскапиот автомобил во светот. Луѓето од Goldplus, одделот за накит на производителот на часовници Titan Industries, решиле дека 5000 годишната традиција на производство на индиски накит заслужува посебна прослава. По овој повод тие решиле да украсат еден „Тата Нано“ со скапоцени камења, сребро и злато.

Златен Тата Нано
Златен Тата Нано
Златен Тата Нано

Бил одржан натпревар, на кој сите заинтересирани ги понудиле своите дизајни, по што биле избрани трите најдобри. Овие три дизајни биле дигитално претставени, по што јавност треба да го изгласа победникот. Претставник на компанијата изјавил: „Овој бесценет автомобил ќе биде уникатен симбол на нашите способности кој ќе служи како спомен, и нема да биде за продажба.“ [Goldplus Nano | Vote fpr Your Favourite Jewellery Car]

- Реклама -