Бунарот Чанд Баори е направен од 3.500 тесни скалила и се спуштаат на околу 35 метри во земја. Овој бунар е еден од најдлабоките и најголемите во светот.
Овој бунар се наоѓа во Абахари, Индија. Температурата на дното е околу шест степени Целзиусови пониско од површината. За време на сезоната на монсунските дождови, бунарот се полни скоро до врвот.
Бунарот е опкружен со десетици скали, така што луѓето можат да стигнат до него од било која страна.
Бунарот е стар околу 1200 години и е направен од темни порозни вулкански карпи. Ова е исто така класична архитектура од 8. и 9. век, која е препознатлива за хиндускиот свет.
Некогаш Чанд Баори имал вистинска функција на бунар, а денес водата во него не е за пиење. Сепак, оваа градба станала позната туристичка атракција, но и омилено место за собирање на локалното население.