Најголемиот фиџет спинер (сега за сега)

Фиџет спинерите се модерниот клик-клак. Првата жртва што падна на колена пред моќната играчка беше Америка, а потоа и целиот свет. Сепак, манијата е уште поголема (во буквална смисла) во Финска, каде Ани и Лори Vuohensilta (брачната двојка зад популарниот Youtube канал Hydraulic Press Channel) ги здружија силите за да ја направат најголемата верзија на фиџет спинер во познатиот свет.

На нивниот втор канал Beyond the Press, можете да го најдете целиот процес на изработка – со помош на Prenta M3 3D принтер. Резултатот е играчка од 15 кила, која наместо со два прста, мора да ја држите со две раце.

- Реклама -