Ако нешто може да се каже за Холивуд во поглед на уникатноста, тогаш тоа е во неверојатната моќ на трансформација на актерите кои ќе го задоволат интересот на самата улога. Како најинтересни примери ги издвојуваме Руни Мара, Мишел Вилијамс, Анџелина Џоли, Ребека Ромин Стамос, Хелена Бонам Картер и Натали Портман; кои покрај тоа што се преубави актерки, тие се квалитетни и достојни на професијата. Некогаш е до шминката, некогаш е до способноста за метаморфоза која не се однесува само на изгледот, туку и на односот кој треба да се изглуми во даден филм.