Историјата е полна со интересни настани, но фер е да признаеме дека откривањето на вистинитоста не е најлесната работа на светот. Еве некои од најпопуларните митови во историјата, во кои најверојатно и вие верувате…
Кој го наслика Мики Маус?
Сигурно во главата првото име кое ви се појавува е Волт Дизни. Да, ама не! Вистинскиот уметник е Аб Иверкс. Единственото што Мики го заема од Волт Дизни, е неговиот глас.
Јаболкото, кое падна
Сигурно сте слушнале за јаболкото на Њутн, кое паднало на неговата глава и така се родил законот за гравитација. Јаболката навистина имаат клучна улога во оваа приказна, но секако ниту една од нив не паднала на главата на Исак. Тој едноставно бил заинтригиран од фактот дека тие паѓаат.
Кој ја откри Австралија?
Не, не беше Џејмс Кук! Откритието всушност е направено од Холанѓаните Авел Тасманија и Дирк Хартог. Анлискиот пират Вилијам Дампиер исто имал среќа да стапне на континентот порано. И покрај тоа имало уште многу други посетители.
Ван Гог и познатото уво
Иако денес е еден од најпознатите уметници во светот, Ван Гог бил исклучително сиромашен. Во текот на целиот свој живот успева да продаде само една слика. Непосредно пред да се самоубие, тој прави суров чин сечејќи си дел од увото, но не и целото уво, како што сметаат сите.
Го обиколил ли Магелан светот?
Фернандо Магелан е прочуен по тоа што го обиколил светот. За него се знае дека е убиен на Филипините.Овие два факти сепак не се врзуваат добро. Тој навистина умира на Филипините, а патувањето е продолжено од неговиот асистент Хуан Себастијан Елкан.
Да свириш на виолина, додека Рим гори
Во 74 година П. Хр. во Рим навистина имало огромен пожар. Приказната раскажува дека додека градот гори, императорот Нерон свири на виолина. Излегува дека во оваа приказна има нешто погрешно. Виолините се појавуваат 1500 години подоцна. На што и да е свирел императорот, тоа дефинитивно не била виолина. Плус тој се наоѓал далеку од Рим во својата вила.
Кој ја создаде историјата за Хамлет?
Сите ќе се повикаат на „Вилијам Шекпсир”, но знаете ли дека повеќе од половина драми воопшто не се негови идеи! Всушност она што тој го има направено, е адапација на приказни и легенди. Хамлет постои благодарение на скандинавските фабула.
4 јули – Денот на независноста
Всушност денот во кој Америка добила независност воопшто не е 4-ти јули. Само тогаш била потпишана декларацијата. Војната сепак продолжува уште седум години, а реалната независност настапува на 3-и септември 1783 година.
Кој ја создал сијалица?
Томас Едисон е дефинитивно еден од најпознатите пронаоѓачи. Вистината сепак е дека голем дел од сите негови откритија, се дело на работниците во неговата лабораторија. Плус тоа неколку децении пред Едисон, сијалица е создадена од страна на Сер Хемфри Дејви, но таа можела да работи само 12 часа. Едисон умеел да најде добри матерјали. Сепак, во најголем дел се смета дека Едисон му ја украл идејата на Никола Тесла.
Кој е првиот претседател на САД?
Не, тоа не е Џорџ Вашингтон. Тој бил првиот избран според Уставот на САД. Всушност има уште 14 претседатели, кои воопшто не биле избирани според највисокиот закон.