Најголемите модни грешки што ги прави секоја жена

Најново истражување што го спроведе eBay ни даде увид во најчестите модни грешки, каде што на прво место се најде животинскиот принт, поточно пренагласениот дезен, кој се носи без смирувачки и едноставни парчиња.

Фустаните со овој дезен секогаш се носат со еднобоен ремен или палто, како и едноставни детали без впечатлив накит.

1

На второто место се најде долната облека која се гледа, осносно прерамките од градниците. Овде не е потребно дополнително објаснување, бидејќи во морето на избори, најлесно е да се пронајде соодветна долна облека, а кај градниците најсоодветни се оние со силиконски прерамки.

Премногу тесната облека го завзема третото место. Доколку нема број од вашата големина, а морате да го имате токму тоа парче, подобро е да земете поголем број, кој ќе го средите на шнајдер, отколку да се доведете во ситуација да изгледате како да сте позајмиле облека од некоја поситна пријателка.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

2

Четвртото место им припаѓа на вечерните комбинации кои се носат преку ден, а веднаш зад нив се наоѓаат тренерките, кои едноставно се носат по дома, во теретана или евентуално за прошетка околу зграда.

3

Шестото место и припаѓа на детинастата облека и стилот кој не доликува на годините.

4

Интересно е тоа што на листата на ѕвезди со најголеми модни грешки се најдоа трите сестри од Кардашијан/Џенер кланот, додека модни победнички се Тејлор Свифт, Роузи Хантингон – Вајтли и Алекса Чанг.

- Реклама -