Најкраткиот комерцијален лет на светот

shortest-flight-1%25255B5%25255D[1]

Најкраткиот комерцијален лет на светот се одвива меѓу островите Orkney, поточно Вестреј и Папа Вестреј, на северот од Шкотска. Оддалечени се само 2.7 километри.

Со рутата оперира Loganair, а официјалната должина на летот е 2 минути. Сепак, кога условите и ветерот се идеални, летот може да биде комплетиран за само 47 секунди.

Карта е 30 долари по патник, и се разбира, без послужување. Островот Папа Вестреј пак, е дом на само нешто повеќе од 70 луѓе, но има 60 археолошки наоѓалишта. Затоа и најчести патници овде се туристите, а не бизнисмените, како при другите комерцијални летови.

shortest-flight-2%25255B3%25255D[1]

shortest-flight-3%25255B2%25255D[1]

shortest-flight-5%25255B2%25255D[1]

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -