Најлош ден за диета е недела

Сабота и недела се најнепогодни денови за држење диета, а најголеми шанси дека ќе попуштите пред „забранетото овошје“ е во недела и тоа меѓу 19 и 22 часот.

Во истражувањето за прехранбени навики, половина испитаници признале дека во недела навечер (додека гледаат телевизија) постои најголема веројатност дека ќе посегнат по грицки и благо.

weightloss

Друга „опасна“ зона за оние кои држат диета е кризното попладне, односно периодот од 15 до 17 часот. На трето место на најлоши временски период за придржување до здравите навики е доцна попладне од 17 до 19 часот.

Меѓутоа, ниту понеделник не е баш најсреќен ден за здрава храна затоа што 12% испитаници конзумираат грицки за да се утешат поради почетокот на новата работна недела.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Резултатите, исто така, покажале дека повеќето испитаници (65%) најголема количина храна јадат во текот на ручекот, по враќањето од работа, 22 отсто се прејадуваат за вечера, додека само три отсто најмногу јадат за појадок.

- Реклама -