Никој никогаш не се родил како експерт. Сите, вклучително и уметниците за тетоважи морале некогаш, и што е уште поважно – на некого да научат. Во тој процес, многумина останале со „уметнички“ дела на својата кожа. Во моментите кога се мислите дали токму ова лето да се тетовирате, следат неколку демотивациони фотографии, како и неколку интересни факти за тетоважите.
Никој никогаш не се родил како експерт. Сите, вклучително и уметниците
за тетоважи морале некогаш, и што е уште поважно – на некого да научат.
Во тој процес, многумина останале со „уметнички“ дела на својата кожа.
Во моментите кога се мислите дали токму ова лето да се тетовирате,
следат неколку демотивациони фотографии, како и неколку интересни факти
за тетоважите:
Откако тетоважата бидува завршена, таа фактички е отворена рана. Уметникот ќе ја дезинфицира и ќе ја завитка со завој. По неколку часови, завојот треба да се извади, за да се избрише крвта и плазмата кои истекле од раната. Иако некои експерти не се согласуваат, се препорачува да не се ставаат нови завои зашто на секоја рана ѝ е потребен воздух за побрзо да зарасне.
Куче? Змеј? Нешто?
Трудни жени, луѓе со алергии или проблеми со имунитетот, како и оние што пијат лекови за регулација на крвта, би требало да се консултираат со уметникот за тетоважи и лекар пред да се одлучат да направат тетоважа. Сите горенаведени состојби комбинирани со мастилото претставуваат висок здравствен ризик и би требало сериозно да размислите дали тетовирањето вреди за да си го загрозите здравјето.
Жена
Затворските тетоважи се посебна култура. Често служат како потсетник за направената грешка, за да не се повтори, а преку нив, многу затвореници ја раскажуваат својата приказна, т.е. криминалното дело поради кое завршиле зад решетки. Квалитетот на изработка кај затворските тетоважи најчесто не е на прво место.
Тигар?
Многу компании имаат политика на невработување луѓе со видливи тетоважи. Доколку тие се наоѓаат на рамото или да речеме на скочниит зглоб, тогаш забраната не важи. Но, во основа, тетоважите се една алатка за искажување на личниот став и доколку морате да ги криете, тогаш што тоа кажува за вашата личност?
Тажно чудовиште?
Каталозите со фонтови се особено ценети во затворските библиотеки и во затвореничките ќелии. Таму, најмногу од работата се прави рачно и од око, што значи дека овие каталози им помагаат во доловувањето на пософистициран изглед на пишаните тетоважи. Кога не се достапни, често се користат и стилизирани букви од реклами во весници и списанија.
Волк?
Најтетовираниот човек на светот на Том Лепард од островот Скај во Шкотска. Тој е влезен во Гинисовата книга на рекорди, со 99,9% од неговата кожа истетовирана со шарата од кожа од леопард. Единствените места на кои не е тетовиран се: кожата помеѓу прстите на нозете и во внатрешноста на ушите.
Змија?
Европските мисионери на островите Кук, на домородците се обидувале да им ги отстранат тетоважите со употреба на шмиргли. Со оглед на тоа што мастилото навлегува длабоко во епидермисот, ваквата процедура најчесто завршувала со дерење на „пациентот“.
Змеј?
Во октомври 1991 година, во граничниот појас помеѓу Австрија и Италија беше пронајдено тело на ловец старо приближно 5000 години. На неговото тело се забележани до сега најстарите тетоважи.
Тигар?
Тахитќаните верувале дека тетовирањето на телото служи за зачувавње на неговите свети моќи.
Череп?
Како за крај, една тетоважа од домашен терен. Голема благодарност до Роби за дозволата уметничкото дело од неговото рамо да се најде на оваа листа на најлошите тетоважи…