Температурите растат што значи дека наскоро сите ќе бараат место за разладување. Тоа најверојатно значи барем една посета на локален базен и уживање во тобогани. Но не сите тобогани се исти, за најхрабрите има локации кои нудат навистина спектакуларни тобогани.
Scorpion’s Tail
Локација: Noah’s Ark Family Park, Висконсин Делс, Висконсин
Овој тобоган висок десет катови е вистински тест за храброста. Овој тобоган не е баш вертикален но со оглед на тоа што низ него се патува со брзина од 15 метри во секунда тоа е позитивна работа. Она што е уникатно кај овој тобоган е почетокот – на почетокот стоите во капсула се до оној момент кога подот се отвора и вие паѓате со 2,5g забрзување.
Insano
Локација: Beach Park, Форталеза, Бразил
Сè што треба да знаете за овој тобоган е неговото име. Ова е навистина луд тобоган. Бразилскиот Insano е висок 41 метар и е официјално највисокиот тобоган во светот. Во овој тобоган се спуштате по речиси целосно вертикална површина 4 до 5 секунди, достигнувајќи брзина од околу 100 километри на час.
Summit Plummet
Локација: Disney’s Blizzard Beach во Walt Disney World Resort, Орландо, Флорида
Луѓето од Дизни не се познати по создавање екстремни возења. Summit Plummet е исклучокот. Висок 12 ката – највисокиот тобоган во САД – тој содржи канал дол 107 метри во кој се достигнуваат брзини помеѓу 80 и 100 километри на час. И како врв на целото искуство, поголемиот дел од тој канал минува низ темен тунел.
Leap of Faith
Локација: Atlantis Resort, Рајски Остров, Бахами
Овој тобоган започнува на врвот на лажен храм на Маите со стрмен пад од 18 метри. Но пред да заврши во базен тобоганот минува низ аквариум преполн со голем број големи ајкули. Единственото нешто што стои меѓу вас и ајкулите е проѕирната цевка на тобоганот. Страшно? Малку, иако пострашно е кога ајкула ќе реши да прескокне од лагуната во тобоганот – бидејќи тоа се има случено.
The Mammoth
Локација: Holiday World, Санта Клоз, Индијана
Кога Holiday World во Индијана создава нешто големо… Тие создаваат нешто навистина големо. Со години ова бил домот на The Wildebeest, најдолгиот тобоган во светот. Сè уште можете да се спуштате по него но неговиот рекорд е надминат. Новиот рекордер Mammoth е долг неверојатни 537 метри, почнувајќи од висина од 21 метар.
Најдобриот дел е што се потребни околу три минути за минување на кривините од кои е составен овој тобоган, споредено со пет секундното лудило на Insano.