Најлуксузното ноќевање во авион

 

Престојувањето  во авион ретко е удобно, па  дури и во првата класа  нема доволно простор, онаков колку  во една нормална голема спална соба.

Сосема различна сепак е ситуацијата во овој хотелски авион, кој можете да го  пронајдете стациониран  во Холандија.  Единствената замка е дека   тој всушност не лета .

Располага со лукузнен апартман, опремен со мебел, а преовладуваат црната и белата боја.  Поради тоа што е приземјен  има и огромен балкон, а исто така во него можете да се одморите во џакузи, или да се испотите во сауна.

Всушност единственото по кое што во внатрешноста  потсетува на авион, е формата на ѕидовите.

avion 1 avion 3 avion 4 avion 5 avion 6 avion 7 avion 8

 

- Реклама -