Најмалиот телефон во светот

И покрај тоа што изгледа како играчка, способностите на најмалиот телефон во светот воопшто не се за потценување.

Јапонската фирма Willcom го претстави најмалиот телефон во светот со димензии 32x70x10,7 мм, а тежи само 32 грама.

Станува збор за моделот WXО6A кој е опремен со едноинчен OLED дисплеј, каков што обично се наоѓа на часовниците. Сепак, поради малите димензии нема камера.

141944737851375031e3bd5382224408_orig

Батеријата може да издржи два часа разговор и 300 часа на standby режим.

Најмалиот телефон во светот ќе се најде во продажба од декември во Јапонија, а дали ќе биде достапен и за остатокот од светот сѐ
уште не е познато.

 

Прочитајте и:  20-80 правилото за полнење на батериите го продолжува нивниот век, но немојте да го користите
- Реклама -