Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на уреди за безжични комуникации во Либан, соопшти Министерството за здравство, пренесе Би-би-си.

Тоа се случува во вчерашниот втор бран експлозии, еден ден по серијата смртоносни експлозии на пејџери на членови на проиранската група Хезболах.

Воки-токи користени од членовите на милитантната група Хезболах експлодираа во јужните предградија на главниот град Бејрут, долината Бека и јужен Либан – области кои се сметаат за нејзини упоришта.

Некои од експлозиите се случија за време на погребите на некои од 12-те лица за кои Министерството соопшти дека биле убиени во експлозијата во вторникот.

Хезболах го обвини Израел за нападот. Израел не коментираше.

Прочитајте и:  Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан

Нападите се случија кога израелскиот министер за одбрана Јоав Галант најави „нова фаза во војната“ и кога дивизијата на израелската армија беше префрлена на север.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на „сериозен ризик од драматична ескалација“ и ги повика сите земји да „искористат максимална воздржаност“.

-Очигледно логиката зад детонирањето на сите овие уреди е тоа да се направи како превентивен напад пред голема воена операција, рече тој.

- Реклама -