Најмалку 38 Палестинци загинаа во последните напади во Газа

Најмалку 28 Палестинци загинаа во денешниот напад на израелската армија на југот на Појасот Газа и 10 во нападот на бегалскиот камп Џабалија на север.

Најмалку 25 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во напад врз цивилни објекти во областа Рафа, во кој раселените лица од северна Газа побараа засолниште, а најмалку три лица загинаа во друг напад.

„Во израелски напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа загинаа најмалку 10 Палестинци, а 40 се ранети во израелски напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во енклавата која ја контролира Хамас, пренесува Гардијан.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Израелските сили извршија рација во болницата Ал-Ахли во градот Газа во текот на ноќта и уапсија поголем дел од персоналот, соопштија од болницата.

МИА

- Реклама -