Најмалку десет израелски војници загинаа во заседа во Газа

Најмалку десет израелски војници, вклучително и двајца команданти, загинаа во заседа во градот Газа, соопшти израелската армија.

Израелските копнени сили сè уште се во жестоки судири со палестинските борци во и околу градот Газа, повеќе од шест недели по инвазијата на северот.

Судирите од претходната ноќ продолжија и утрово на повеќе места, а најинтензивни се во населбата Шеѓаија, каде што била поставена заседата, објавија израелските медиуми.

Во копнената офанзива која започна на 27 октомври, десет дена по почетокот на војната против Хамас, досега се убиени 115 израелски војници.

МИА

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери
- Реклама -