Најмоќните холивудски парови според „Е!“

jay-z-beyonce-2013-obama-inauguration-650-430_0

Светски познатиот таблод „Е!“, неодамна, по повод Денот на заљубените, креираше листа на најмоќните парови во Холивуд.

1. Бијонсе и Џеј Зи

Двете музички икони очекувано се најдоа на првото место. Таа е добитничка на „Греми“ награди, номинирана актерка за „Златен глобус“,  и дизајнер. Тој е рапер кој исто така е добитник на „Греми“, музички продуцент, креатор на музичкиот вкус на луѓето ширум светот. Брачните сопрузи својата љубов ја крунисаа со нивната ќеркичка Блу Ајви.

royal-couple_650x366

2. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Нивната љубовна приказна е инспирација за многумина, а нивната венчавка се вбројува во еден од најгламурозните настани било кога. Тие се еден од најомилените светски парови кои го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Наскоро Кејт и Вилијам ќе станат родители за прв пат.

kim-kanye-cannes-16x9

3. Ким Кардашијан и Кание Вест
Ким е реалити ѕвезда и модна дизајнерка. Тој е рапер кој освоил „Греми“ и исто така има искуство во креирањето облека. И овој пар очекува бебе, а веднаш одкако Ким ќе го добие разводот од Крис Хамфрис, тие двајца ќе се венчаат.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

brad650_062711115530

4. Анџелина Џоли и Бред Пит

Одкако се запознаа на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, нивните животни приказни станаа вистинско филмско сценарио. Тие денес се родители на 6 деца и се многу успешни во своите професии. Вкупно имаат освоено 6 номинации за Оскар, од кои еден заврши во нивниот дом. Го доби Џоли.

artist_of_the_decade_85830480-x600

5. Миранда Ламберт и Блејк Шелтон

Тие се кралот и кралицата на кантри музиката, со освоени бројни признанија, а оваа година двајцата беа номинирани за наградата „The Country Music Awards“ во категоријата најдобар изведувач за годината. Зашто да не ја освојат и двајцата?

Во топ 10 најмоќни парови во Холивуд се најдоа и Шакира и Жерар Пике, Емили Блант и Џон Красински, Џорџина Чепмен и Харви Вајнстајн, Џенифер Анистон и Џастин Теро и Жизел Бундшен и Том Брејди.

 

- Реклама -