Најнеобичните божиќни ритуали низ светот

Божиќ се прославува насекаде во светот и во одделните краишта локалните луѓе развиле различни ритуали. Некои од нив се симпатични, други пак, ептен чудни.

Во Австралија на пример Дедо Мраз често доаѓа како сурфер. Температурите во земјата на празникот варираат меѓу 20 и 29 степени, па тој честопати е пречекуван на плажа. Многумина во големите градови се собираат крај морскиот брег и пеат на плажа божиќни песни. Некои Австралијци ги красат куќите со т.н. Божиќна грмушка – локално растение.

Сосема спротивното се случува во истиот ден од годината во некои градови на Австрија . Тука млади мажи се облекуваат како Крампус – ѓаволско, демонско суштество со рогови, ѕвончиња и страшно лице и кружат низ улиците, за да плашат деца и возрасни.

Во Чешка жените потопуваат гранче од црешово дрво под вода на 4 декември – ако тоа процвета на Божиќ, ќе се омажат во текот на следната година.

Во Данска семејствата ставаат ориз пред вратите на своите домови.

Во Финска семејствата запираат на гробишта, за да им оддадат почит на починатите роднини. Таква е традицијата на празникот.

Во Франција децата не оставаат чорапи, туку чевли крај каминот и Дедо Мраз, нарекуван Пер Ноел, а тој ги полни со подароци.

Во некои делови на Велика Британија децата пишуваат писма до белобрадиот старец и наместо да се обидат да му ги испратат, ги ставаат во задниот дел на изгасен камин со надеж дека ветровите ќе ги соберат испишаните листови со празнични желби и ќе ги однесат кон Северниот Пол. Ако видат дека писмата им се запалиле, пишуваат нови.

Во Индија поголемиот дел од населението е составено од индуисти или муслимани, но сепак во најбројната земја има и христијани. По Божиќ некои од христијанските семејства украсуваат банана дрвја и манго растенија. Некои од нив дури ги красат домовите со листови од манго.

Во Јапонија масовно семејствата посетуваат на Божиќ ресторан за брза храна. Американскиот синџир  KFC има највисок промет во земјата за целата година на 25 декември.

Во мексиканскиот град Оахака де Суарез локалните кршат чинии во близина на катедралата во центарот, за да го одбележат крајот на годината.

Во Норвешка семејствата кријат метла дома од зли духови кои почнуваат да беснеат на Божиќ.

Во Каталонија , Шпанија, на Божиќ децата цртаат на трупец очи и уста и му поставуваат одозгора ќебе. Дрвото обично е прицврстено со стапчиња и децата се охрабрени да го нахранат и да си играат со него во деновите пред Божиќ.

Во Унгарија семејствата кријат во елката убава играчки. Кој ќе ја најде, ќе има среќа.

Во Каракас во Венецуела пак патиштата се затвораат по Божиќ и мнозина сакаат да се движат со лизгање. Така, некои од нив пристигнуваат во црквите на топлиот град на лизгалки.

- Реклама -