Вељко Ражнатовиќ веројатно е најпопуларниот тинејџер кај нашиот северен сосед, и секој ден на интернет е натрупан со најразлични прашања за сите можни и невозможни теми.
Одвоени се некои од најинтересните прашања и најдуховитите одговори кои Вељко ги дал на мрежата ask.fm. Нема да поверувате што сè го прашале, а и што тој одговорил.
1. Дали би бил со некој кој е роден во 2000-та година?
– Не сум педофил.
2. Колкав ти е?
– Дојди да провериш.
3. Дали си невин?
– Како мајката на деветте синови Југовиќ.
4. Дали некогаш си бил со некоја девојка „мртов“ пијан, а утрото не се сеќаваш најдобро, па се прашуваш во очај „леле со кого бев?“ 😀
– Да 🙁
5. Дали ти се важни годините кај девојката, ако многу ја сакаш?
– Зависи, помлада или постара? 🙂
6. Кога би дошла пред твојата куќа во Белград и би побарата од чуварите да ме пуштат бидејќи сакам да те запознаам, дали би ме пуштиле или би те викнале?
– Нема да те пуштат.
7. Кога некоја девојка би дошла во Белград за да те запознае и да одите на кафе, дали би ѝ ја исполнил желбата?
– Зависи.
8. Дали некогаш си се бакнувал со девојка која не знае убаво да се бакнува?
– Ахаха, да.
9. Дали си богат?
– Да. Имам семејство.
10. Дали повеќе би сакал татко ти и мајка ти да не беа познати?
– Не.
11. Дали некогаш си се тепал за некоја девојка?
– Да.
12. Вељко, дали некогаш ти се случило да бидеш одбиен од некоја девојка бидејќи не си нејзин тип на дечко?
– Нормално, не знам на кого тоа не му се случило 😛
13. Зошто се дружиш само со постари од тебе? Тие се дружат со вас само поради мајка ти и парите.
– Се дружам со оние чие однесување и присуство ми одговара.