Најновите „паметни“ патики на Google

На изложбата SXSW 2013 која е отворена од 8 до 17 март во Тексас, Google ги претстави најновите патики кои знаат да зборуваат, односно да го потсетуваат нивниот сопственик повеќе да се движи.
„Паметните“ патики се дело на брендот за спортска опрема Adidas, а компанијата Google ги додала техничките предности. Во патиките е вграден акселерометар и сензори за притисок кои всушност ги бројат движењата на ногата на сопственикот. Исто така тие поседуваат динамик кој испушта околу 250 гласовни команди кои најчесто служат за охрабрување на сопственикот.

На пример, доколку тој стои подолго време патиките му соопштуваат дека тој личи на статуа, а кога започнува да се движи патиките велат дека така е многу подобро. Кога сопствениот трча тие озвучуваат „левa – деснa“.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

[youtube]http://youtu.be/VcaSwxbRkcE[/youtube]

Претставниците од Google изјавиле дека патиките се способни да се прилагодуваат на навиките и стилот на живот на нивниот сопственик. Во нив е вграден и Bluetooth за нивно поврзување со смартфон. Со специјална апликација може да се зачувуваат информациите за спортските достигнувања на сопственикот и истите да бидат споделувани на социјалните мрежи.

Од Google соопштуваат дека патикте се дел од рекламниот проект Art, Copy and Code и не станува збор за пуштање на сериско производство на истите. Ова не е прв експеримент од ваков тип. Претходно Google ја импресионираше јавноста со необчните очила Google Glass кои ја дополнуваат реалноста која ја гледате со соодветна информација.

- Реклама -