Најново од НАСА: Вода и на Плутон, езера на Марс

НАСА вчера соопшти нови возбудливи откритија направени од единицата “New Horizons”. Според последните податоци на Агенцијата, Плутон личи на Земјата повеќе отколку што сме претпоставувале.

Планетата има замрзната вода со црвенкаста боја, стабилна атмосфера, водена пареа, активни геолошки процеси и сино небо.

плутон

Сината боја на небото често се добива како резултат на дисипација на сончевата светлина во контакт со мали честички во атмосферата на планетата. На земјата тоа се исклучително мали молекули азот, а во атмосферата на Плутон станува збор за правливи честички кои научниците ги нарекуваат Толи.

На нив се должи и црвенокафеавкастото боење на површината на делови од планетата.

Планетата џуџе располага и со значителни количества мраз. Следниот предизвик пред научниците е да разберат зошто мразот се појавува во одредени области и зошто е црвен.

Во меѓувреме, научниците од НАСА соопштија дека на површината на Марс во минатото постоеле езера со милениуми. Ова стои во истражувањето објавено во списанието “Сајанс”.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Според соработници на вселенската агенција, места како кратер Гејл со дијаметар 154 километри, во минатото биле пополнети со вода. Можно е езерата да постоеле доволно долго за зародиш на живи организми.

„Штом има податоци за присуството на езера, тоа може да е аргумент во корист на постоење на живот“, рече Гротзингер.

На крајот на септември НАСА објави дека на Црвената планета има вода. Тогаш американските научници избегнуваа да го преувеличуваат значењето на ова откритие, истакнувајќи дека не се пронајдени мориња и реки, туку само хидрати – соединенија кои содржат молекули вода. Истовремено, тие посочија дека станува збор токму за вода, која потенцијално може да послужи за зародиш на биолошки живот.

- Реклама -