Најопасната играчка на светот: Нуклеарен сет за млади научници кој содржел вистински ураниум (ВИДЕО)

Една од најконтроверзните и најопасните играчки досега, комплетот за лаборатории за атомска енергија (“Atomic Energy Lab Kit”), им овозможувал на децата да експериментираат со ураниум.Иако била од образовен карактер, оваа играчка исто така била радиоактивна. За среќа, таа била во продажба само неколку години.

Децата често знаат да се повредат за време на игра и без оглед колку се соодветни играчките на нивната возраст, несреќите честопати се неизбежни поради различните неуспеси на производителот. Таков е случајот со лабораторијата за атомска енергија, мини нуклеарна лабораторија која била наменета за деца.

Темата за атомската енергија во средината на 20-тиот век доживеала вистински бум, па во 1950 година А. Гилберт решил да ја искористи можноста и лансирал детски хемиски сет на пазарот. Намерата била да им се овозможи на децата да создаваат и гледаат нуклеарни и хемиски реакции користејќи радиоактивен материјал.

Комплетот наменет за „млади научници„ им овозможувал на децата да изведат повеќе од 150 експерименти. Тој содржел ураниумова руда и три различни извори на радијација.

Исто така со комплет одел и прирачник – проспект за ураниум – дури и форма за нарачување резервни радиоактивни извори. Децата имале можност да користат и спантарископ, уред што им овозможувал да го пресметаат зрачењето добиено со јонизирачко зрачење и фосфор.

За среќа, играчката била во продажба само во текот на 1952 и 1953 година и можела да се купи за 50 долари во Америка.

 

- Реклама -