Најопасните навивачки групи во Англија

The Bushwackers - Millwall

1. The Bushwackers – Милвол

Хулиганската навивачка група на фудбалскиот клуб Милвол – The Bushwackers – го позајмува името од американската граѓанска војна, поточно од војниците кои биле задолжени исклучиво за заседи. Навивачите на Милвол имаат и свое сопствено импровизирано оружје во нивна чест – „Милвол тула“, направена од замотани влажни и „зацементирани“ весници, која ја користат во тепачките со противничките навивачи.

Во врвот на својата моќ, во 80-тите години на минатиот век, навивачите на Милвол имаат организирано и спроведено голем број сериозни насилни акции за време на фудбалските натпревари на нивниот клуб. Тие се одговорни за некои од најлошите немири во историјата на британскиот фудбал. Денес, оваа навивачка група не е силна како некогаш, но сé уште е способна да изврши монструозни злосторства. Сé уште јасно го помнат инцидентот од 2002 година и крвавите нереди ноќта по натпреварот со Бирмингем Сити. Еден ветеран од британската специјална полиција ги опиша како најлошото насилство што го видел во својата кариера.

Zulu Warriors - Birmingham City

2. Zulu Warriors – Бирмингем Сити

Кон крајот на 70-тите години на минатиот век, извикот „Зулу, зулу!“ на улиците на Бирмингем можеше да значи само едно: Zulu Warriors – навивачите на Бирмингем, се подготвуваат за пресметка. Познати по тоа што во нивниот состав имаа припадници од различни етнички групи, во осумдесеттите години, навивачите на Бирмингем беа една од најзастрашувачките банди собрани околу фудбалските клубови и чести иницијатори на масовни нереди пред, за време и по фудбалските натпревари на островот. Најпознати се нивните пресметки со навивачите на Астон Вила, на деновите на дерби натпреварите.

Зулу, инаку се познати по бескомпромисната одбрана на „своите“ територии од гостинските навивачки банди. Меѓу многуте нереди иницирани од страна на Зулу, најпознати се серијата тепачки во Cardiff во 2001 година, во кои едно лице загина, а девет лица се брутално претепани и испратени во болница. Во 2006 година, за време на натпреварот од ФА купот, околу 200 навивачи на Бирмингем ја срушија оградата која ги разделуваше од навивачите на Стоук. Следеше тепачка со противничките навивачи, а потоа и напад врз полицијата, која подоцна и овие нереди ќе ги опише како екстремно насилни.

Aston Villa Hardcore - Aston Villa

3. Aston Villa Hardcore – Астон Вила

Втората најозлогласена навивачка група од Бирмингем се навивачите на Астон Вила, познати под името Aston Villa Hardcore. Како и другите навивачки групи, и Вилиансите сега се маргинализирани, но нивниот углед е граден уште во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век и во првите години од овој век. Тепачката позната како “Battle of Rocky Lane” од 2002 година, несомнено потсети на „најславните“ денови на хулиганите на Вила. Станува збор за серија немири кои се случија по натпреварот на Астон Вила и Бирмингем.

Во 2004 година Стивен Фоулер, член на групата, ја организира и учествува во тепачката помеѓу Villa Hardcord’s-и и Headhunters , навивачите на Челзи. Настанот се одвива на лондонскиот King Cross. Истата година, неколку навивачи на Вила замешаа прсти во немирите и тепачките со навивачите на Квинс Парк Ренџерс, во кои загина едно лице.

Inter City Firm - West Ham

4. Inter City Firm – Вест Хем

Лондонската банда хулигани, која е најактивна во периодот од 1970 до 1990 година – навивачите на фудбалскиот клуб Вест Хем Јунајтед – е позната како Inter City Firm. Станува збор за навивачка екипа која некои ја сметаат за најопасната банда на Велика Британија. Името го влечат од Inter City возовите со кои патувале на натпреварите, а ќе останат запаметени по нивниот имиџ – оставање на визитка на луѓето кои претходно брутално ги претепале.

На картичките кои им ги оставаат на своите жртви пишува: „Честитаме, само што се сретнавте со Inter City Firm“. За разлика од повеќето други банди, како што тоа го објаснува Кас Пенант – поранешен лидер на Inter City, навивачите на Вест Хем не се расисти, ниту неонацисти. Но, воспитани и добри момци – тоа секако не се. Постојат многу регистрирани случаи на нивното хулиганско дивеење и екстремно насилство, најчесто организирани пред, за време и по натпреварите со лондонските ривали, како што се Millwall’s Bushwackers. Омилени им се нападите врз пабовите во кои се собираат противничките фанови.

6.57 Crew - Portsmouth

5.  6.57 Crew – Портсмут

Навивачката група на  Портсмут  е 6.57 Crew; името исто така го добила според возот, оној со кој во саботите одат на утакмици, до станицата Ватерло. Во 80-тите, оваа навивачка група беше една од најголемите и предизвика серија нереди низ целата земја. Тепачките со фановите на другите клубови се високо на нивната листа на приоритети, можеби дури и над поддршката на нивниот клуб. Во 2001 година тие се фрлаат во пресметка со навивачите на фудбалскиот клуб Ковентри Сити.

Во немирите во 2004 година, кога пред и по натпреварот масовно им се нафрлаат на навивачите на Саутемптон, уапсени се 93 членови на екипата 6.57 Crew, вклучувајќи и 10-годишно момче, кое стана најмладиот осуден за хулиганство во историјата на Велика Британија. Имаше и голем број повредени во редовите на полицијата и обезбедувањето. Над сто хулигани од редовите на Портсмут добија забрана за патување на светското првенство во Германија во 2006 година, поради злостворствата сторени на и околу стадионите ширум Англија.

Red Army - Manchester United

6. Red Army –  Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е еден од најголемите фудбалски клубови во светот, па така и неговите навивачи, познати како Red Army, тврдат дека се една од најголемите и најопасните навивачки групи. Посебна хулиганска активност изразуваат во сезоната 1974/75 година, кога United испадна од Премиер лигата во понискиот ранг на натпреварување. Масовните пресметки со противничките фанови се документирани во филмот  “Hooligan” од 1985 година, кој се занимава со токму со оперирањето на United со Inter City Firm во околината на Манчестер.

Headhunters - Chelsea

7. Headhunters – Челзи

Кога некоја навивачка група се нарекува себеси Headhunters (Ловци на глави), тогаш можете да претпоставите дека со нив и не е баш најмудро да се има работа. Ова име го носат хулиганите кои стојат зад познатиот лондонски клуб Челзи. Тие се познати според нивниот расизам, а поврзани се со расистичките групи National Front и Combat 18. Во 1999 година, во редовите на Headhunters се уфрла репортерот на БиБиСи и прави репортажа за нивните лошотилуци. Во 1985 година, еден од водачите на Headhunters – Кевин Витон, е осуден на доживотен затвор, и тоа по напад што е оквалификуван како најлош во историјата на британското фудбалско навивање. Откако Челзи загуби една утакмица, Витон со уште неколку членови на групата упадна во еден локален паб, извикувајќи „Војна, војна, војна…!“ Кога десет минути подоцна излегоа од пабот, внатре, на подот остана да лежи менаџерот на барот со потекло од Америка, претепан речиси до смрт. Еден од хулиганите извикуваше: „Проклети Американци, доаѓате тука и ни ги земате работните места!“. Доволно кажано.

- Реклама -