Силувањата и грабежите на селата не остануваат без долгорочни ефекти. Како император од 1206-тата до 1227-та, Џингис Кан имаше приоритет да ја рашири Монголската империја што е можно повеќе. На чело на Монголската инвазија, тој обедини бројни далечни племиња под една империја. Тоа го направи преку систематско насилство и крвопролевање.
Монголите го збришаа континентот. Беа познати по нивната безмилосност и го сотреа секој град и село што им се испречи на патот. Кан и неговата армија не смееја да си дозволат да остават физички способни мажи во градовите кои ги освоија. Кан не смееше да ризикува овие заедници да лансираат одбрана против Монголите. Затоа, секогаш кога неговата армија ќе заробеше некој град, тој даваше наредба сите мажи да бидат заклани. Единствените што беа оставени живи беа вештите занаетчии и инженери, кои беа посвојувани од војската, каде што градеа катапулти и други оружја.
Во меѓувреме, додека селата беа ограбувани и пребарувани за сé што може да се покаже како корисно, жените ги собираа на купче. Најубавите ги доведуваа директно кај Џингис Кан. Откако ќе избереше неколку за себе, другите беа дистрибуирани (баш дистрибуирани) меѓу војската. Токму на овој начин, Џингис Кан го распосла своето семе преку Евроазија.
Па така, додека Џингис Кан збриша огромен дел од популацијата, истовремено направи и сé што можеше сам лично да ја репопулира. Денес, генетичарите заклучуваат дека голем дел од светската популација е директен наследник на Џингис Кан. Анализирајќи ја ДНК-та на мажите што живеат во Азија, научниците открија дека 1 од 12 мажи има идентични Y хромозоми.
Џингис Кан умре пред околу 750 години. Врз основа на генетската варијација, научниците заклучуваат дека овој бран на потомци почнал некаде пред околу 1.000 години. Иако немаме примерок од ДНК-та на Џингис Кан што би можеле да го користиме за споредба, врз основа на тоа што го знаеме од историјата, тој се чини како најсоодветниот кандидат.
Се проценува дека околу 16 милиони луѓе можат да ја следат својата генетска историја директно до Големиот Кан. Тоа е 0.5% од целата светска популација. Така, слободно може да се рече дека Џингис Кан не бил добар татко, ама секако бил плоден.