Најпопуларниот збор за 2014 година воопшто не е збор

Најпопуларниот збор за 2014 година воопшто не е збор, туку симбол и тој значи љубов. Во последните 12 месеци најчесто сме го користеле во социјалните мрежи, блоговите и во светските медиуми, како емоција во облик на срце. <3

Емоциите, или смешковците, се симболи кои ги изразуваат нашите емоции. Во моментов тие се 722, а во 2015 година ќе се појават уште 250.

Според компанијата Global Language Monitor, која ја анализира употребата на зборови и симболи на интернет, емоцијата во облик на срце се појавува милијарди пати на ден во целиот свет.

Принцот Џорџ пак влезе во рангирањето на најпопуларните имиња, а најпопуларната фраза е „Горе рацете, не убивајте”. Таа беше користена од демонстрантите по убиството во Фергусон во август.

- Реклама -