Најпопуларните заблуди за аналниот секс

И додека некои жени признаваат дека уживаат во него, за многумина останува табу-тема, а тоа веројатно се должи на некои од најголемите митови за аналниот секс.

Сексологот Кејт Ван Кирк разобличи неколку од овие заблуди:

 

Заблуда: Боли!

Вистина: Не мора да значи дека ќе боли. За жал, почетниците најчесто го практикуваат на погрешен начин. Многу жени велат дека уживаат, а некои дури тврдат дека доживеале и оргазам. Ако парот го практикува аналниот секс на вистинскиот начин – многу лубрикант, опуштеност и нежност, тоа би требало да биде доволно за да се избегне болката.

 

Заблуда: Ако еднаш боли, секогаш ќе боли.

Вистина: Пробавте, и се заколнавте дека нема никогаш повеќе? Не се одрекувајте од уживањето само поради едно искуство. Бидете трпеливи и практикувајте го како што треба, и болката ќе биде елиминирана. Не заборавајте да го стимулирате и клиторисот.

anal myths COVER

Заблуда: Само „лесните жени“ практикуваат анален секс.

Вистина: Истражувањата велат дека многу хетеросексуални парови сакаат да пробаат анален секс, а не само „блудниците“. Се се должи на природната љубопитност за своето и телото на партнерот, како и за разните начини до уживање.

 

Заблуда: Аналниот секс може да го спаси сексуалниот живот на љубовниот пар.

Вистина: Има мажи за кои аналниот секс е врвното уживање и би дале се за нивната партнерка да се согласи. Жените што се согласуваат само затоа што мислат дека така ќе ја спасат врската, веројатно нема да уживаат во чинот. Така, тешко дека чинот ќе поправи нешто во врската во која веројатно постојат многу поголеми проблеми од сексот.

Kulis_ass__by_polish_girl[1]

Заблуда: Не ви треба презерватив.

Вистина: Нема ризик од бременост, па не ви треба заштита? Погрешно. Најголем дел од полово преносливите болести се пренесуваат преку анусот – хламидија, гонореја, ХИВ.

 

Заблуда: Преку аналниот секс може да предизвикате нарушувања и повреди.

Вистина: Каков секс и да практикувате, ризикувате оштетувања ако го правите на погрешен начин. Ако вагината е сува и не користите лубрикант, ве очекуваат повреди. Истото важи и за аналниот секс – лубрикантот е задолжителен.

 

Заблуда: Анусот ќе се рашири.

Вистина: Како што многумина веруваат дека вагината се шири после породувањето, исто така е популарен и митот и дека анусот ќе се рашири по сексот. Едноставно, тоа не се случува.

- Реклама -