Локациите на кои се снимаат некои од најпознатите ТВ серии можат да станат дури и попопуларни од ликовите во тие серии. Но иако овие домови поминуваат многу време во позадината деталите поврзани со нив често остануваат мистерија.
“Downtown Abbey”
Цена: 240 милиони долари
Локација: Хајклер Парк, Њубери, Англија
Британската историска драма “Downton Abbey” се снима во Замокот Хајклер, дом на многу генерации на фамилијата Карнарвон. Замокот, сместен во парк од 4 квадратни километри, бил дом на фамилијата од 1679, но луѓе живееле на таа локација веќе 1300 години. Сценаристот Џулијан Фелоус, пријател на фамилијата, планирал да го употреби замокот уште кога го почнувал сценариото.
“Mad Men”
Цена: 75.000 во 1948 година
Локација: Лос Анџелес
Домот на Бети е голем имот со 30 соби изграден во Романескна архитектура во богатата населба Западен Адамс во Лос Анџелес. Позната како Stimson House и понекогаш како Црвениот Замок, куќата била изградена од Томас Даглас Стимсон во 1891 година за 150.000 долари – тогаш најскапата куќа во Лос Анџелес.
“Sex and the City”
Цена: 9,5 милиони долари
Локација: Њујорк
Станот на Кери Бредшо од “Sex and the City” е често посочуван пример (заедно со станот на Моника и Рејчел од “Friends”) за невозможен имот од ТВ серии. Сега е јасно колку невозможен: Имотот на 64 Perry Street кој бил употребен за снимање на сцени на отворено бил продаден неодамна. Куќата во West Village е изградена во 1866 година и има градина, тавани високи 3,5 метри, дрвени подови и шест мермерни огништа.
“30 Rock”
Цена: 2,75 милиони долари
Локација: Њујорк
Станот на Лиз Лемон од “30 Rock”, се наоѓа во зграда на 160 Riverside Drive на Upper West Side. Шестнаесет катната зграда била изградена во 1929 година и има 70 станови, голем дел од нив со поглед кон реката Хадсон и Риверсајд Парк.
“The Office”
Цена: 425, 301 долар
Локација: Ван Нујс, Калифорнија
Оваа куќа го глуми домот на Џим и Пем Халперт од “The Office” во Скрентон, Пенсилванија. Во петтата сезона Џим го купува овој дом од своите родители за да им помогне. Куќата е изградена во 1953 година и има базен, паркинг простор и гаража. Гаражата е искористена во сценариото кога Џим ја претвора во уметничко студио за Пем.