Најсекси машки занимања се…?

Жените сметаат дека фудбалерите се површни, себични и суетни и велат дека најмногу би сакале да се забавуваат со музичар, лекар или професор.

Жените најмногу сакаат да се забавуваат со мажи што се занимаваат со музика, најпрво заради уметничкиот и необичен стил на живот, покажа истражувањето на британската Интернет страница IllicitEncounters.com.

Во истражувањето 32 отсто од испитаничките одбрале музичка или уметничка кариера како најсексапилна кај мажите, пренесува „Daıly Maıl“. За 24 отсто од жените најпосакувани партнери се економистите, менаџерите и финансиските советници, токму поради финансиската сигурносат на овие професии, а на големо изненадување најлошо поминале фудбалерите. Само еден отсто рекле дека тоа е најпосакуваното занимање, а пред нив на листата се наоѓаат професорите, лекарите и новинарите.

tumblr_lxykqvK7kv1qc6li3

Ова е листата на најсексапилни машки занимања за жените:

1.Музичари и уметници
2.Работа поврзана со финансии
3.Професори
4.Лекари
5.Новинари
6.Фудбалери

- Реклама -