„Најсекси видео на светот“ шири вируси на Facebook

facebook_virusДоколку на Facebook налетате на пораката „this is without doubt the sexiest video ever! 😛 😛 :P“ придружена со видео запис не кликајте на него! Имено, видеото бара од корисниците да ја даунлоадираат најновата верзија за својата видео програма која всушност е компјутерски вирус.


Доколку на Facebook налетате на пораката „this is without doubt the sexiest video ever! 😛 😛 :P“ придружена со видео запис не кликајте на него! Имено, видеото бара од корисниците да ја даунлоадираат најновата верзија за својата видео програма која всушност е компјутерски вирус.

Доколку кликнете на предложениот линк тој ќе ве однесе на нешто што изгледа како Facebook апликација која ве охрабрува да даунладирате фајл преку кој наводно ќе го апдејтувате видео плеерот. Доколку го направите тоа, истото тоа видео заедно со линкот користејќи се со вашиот аватар ќе биде испратено на сите ваши пријатели на Facebook, што значи дека вирусот се шири вирално. Илјадници наивни корисници ги заразија своите компјутери, а стручњаците очекуваат дека овој број ќе се зголеми откако вирусот ќе мутира. Facebook засега не прави ништо за да ја спречи епидемијата.

- Реклама -