Најскапата играчка на светот

JVL Еncore Погледнете ја играчката кознола наречена JVL Encore HD. Чини ни помалку ни повеќе – 4000 долари! За тие пари би очекувале некои неверојатни карактеристики. Но, дали нештата се баш такви како што изгледаат?


Погледнете ја играчката кознола наречена . Чини ни помалку ни повеќе – 4000 долари! За тие пари би очекувале некои неверојатни карактеристики. Но, дали нештата се баш такви како што изгледаат?

JVL Encore HDОваа неверојатна играчка конзола има интегриран HD монитор од 55 сантиметри, hi-fi аудиосистем, осветлување за целата конзола, слот за парички и секако, 130 интегрирани игри кои се бираат на дисплејот осетлив на допири.

Но, не избрзувајте! Ако очекувавте игри како Mario Cart, Crash Nitro Racing, Pro Evolution Soccer или Halo, тогаш ќе мора да ве разочараме. Најголемиот дел од игрите се сложувалки од скапоцени камења, покер игри, игри со тривијални прашања и сл. нешта од седумдесеттите. Иако го носи предзнакот HD само 11 од игрите се во HD формат, а сите останати се повеќе од обични.

Така, полека доаѓаме до логиката зад овој производ во ситуација кога сите останати производители на конзоли наоѓаат нови и нови начини да ги снижат цените. Ако опишаното ви се допаѓа, можете да си го набавите ексклузивно во интернет продавницата Амазон. Но, од друга страна, ако веќе имате 4 илјади долари за фрлање, тогаш можете да купите: Playstation 3, Nintendo Wii, Xbox 360, Nintendo DS, Playstation Portable, телевизор од 1000 долари, аудио систем од 1000 долари и ќе ви останат уште речиси 1000 долари за игри, пица и пијалак. Запрашајте се која варијанта е поумна?

- Реклама -