Најскапата кригла пиво досега: Хотел на еден Австалијанец му наплатила за кригла пиво 61.356 евра

Манчестер, Жалбите за цените на пивото кај љубителните на пиво не е  нешто чудно, но еден австралиски новинар навистина има за што да се пожали.

Поточно, во еден хотел во Манчестер му биле наплатени 55.000 фунти (61.356 евра) за кригла пиво. Објавил Гардијан.

Питер Лејлор, новинар на еден австралиски весник, платил астрономска сума за кригла пиво  во хотелот „Малмезон“, откако го поминал денот гледајќи крикет на „Олд Трафорд“.

„Одлучив да испијам едно пиво на враќање и наминав во хотелот каде што ми беа сместени другарите“- изјави Лејлор.

„Кога плаќав, не ги носев својте очила, а бидејќи имаше и некој проблеми со Пос терминалот, морав два пати да погледнам. Имав некое чудно чувство па прашав: „Колку платив за пивото?’ Девојката во барот ја погледна сметката и кажа:’ О мој Боже’, а пота малку се двоумеше дали да ми ја покаже сметката“- раскажа Лејлор.

Тој вели дека откако дознал дека му биле наплатени 55 000 фунти, менаџерот на хотелот веднаш ја признал грешката и ветил дека ќе му помогне да среди со банката.

Лејлор си заминал, погрешно претпоставувајќи дека банката нема да испроцесира транскакцијата на толку голем износ.

„ Ме разбуди звонењето на телефонот, ме повика мојата испаничена сопруга која што откриала голем недостаток на пари на мојата хипотекарна сметка“, изјави Лејлор.

„Ви ги земаат парите за секунда, ама изгледа за да ви ги вратат им треба 10 работни дена. Губам многу пари од каматите, а покрај тоа на мојата сметка недостасуваат 55 илјади фунти.“- надополни тој.

„Во моментов го истражуваме инцидентот. Контактиравме со Питер за да се извиниме и го уверивме дека сè ќе се реши што е можно поскоро “, рече портпаролот на хотелот.

- Реклама -